Македонија има најмал данок и собира најмалку даноци во регионот

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Светска банка предложи зголемување на ДДВ-то од 18 на 19 проценти и отстранување на повластената стапка за сите стоки, освен за основните производи, како дел од мерките за зголемување на даночните приходи и обезбедување фискална стабилност во Македонија.

Претходно, деновиве и бизнис заедницата имаше барање стапката на Данокот на додадена вредност од сегашните 18% да се зголеми на 19,5%.

Пред почетокот на презентацијата на Извештајот на Светска банка, директорката на УЈП, Елена Петрова изјави дека сега не се размислува за зголемување на ДДВ.

Премиерот Христијан Мицкоски пред неколку дена откри дека на владина седница се претставило барањето на бизнис заедницата.

– Имаше предлог да се зголеми ДДВ од страна на бизнис заедницата. Да не биде 18 туку да биде 19,5%. Секакви идеи има. Ние треба да ги ставиме сите аргументи на маса, да направиме една жестока анализа, да видиме што добиваме, што губиме и дури потоа да носиме одлуки – рече премиерот Мицкоски.

Светска банка предлага и зголемување на акцизата за алкохолот, зголемување на даноците за цигарите, воведување данок за шеќер и зашеќерени пијалаци, како и јаглероден данок.

Целокупната ефикасност на даночните приходи во Северна Македонија е ниска врз основа на меѓународните стандарди за даночен напор во однос на даночниот потенцијал, се нагласува во Извештајот.

Во извештајот се вели дека има значителен потенцијал за подобрување на наплатата на даноците и за оптимизирање на расходите на јавниот сектор. Проценките на Светска банка укажуваат дека со спроведување мерки како што се намалување на ослободувањата од ДДВ, спроведување прогресивно оданочување на приходите и зголемување на даноците за животна средина и даноците на имот, даночните приходи би можеле да се зголемат за 3,5 процентни поени од БДП.

„Северна Македонија може да се справи со растечкиот долг и да обезбеди макроекономска стабилност со подобрување на својата фискална состојба преку зајакнување на буџетската дисциплина, подобрување на ефикасноста на јавните расходи и подобрување на наплатата на даноците“, се наведува во новиот извештај „Преглед на јавните финансии на Северна Македонија: Обезбедување стабилност и поттикнување на отпорноста“ објавен денес од Групацијата Светска банка.

- Advertisement -
Ad image

Во извештајот се нагласува дека најновата стратегија со која фискалната нерамнотежа требаше да се намали со економскиот раст, не донесе задоволителни резултати. Во последната деценија, земјата се соочува со повисоки фискални дефицити од споредбените земји од Западен Балкан, со ниво на долгот што надминува 62 проценти од нејзиниот бруто домашен производ (БДП). Оттаму, потребни се поголеми напори за да се осигури дека Северна Македонија ќе остане на патот кон приближувањето до Европската Унија (ЕУ).

– За подобро да се подготви за иднината, сега е клучно Северна Македонија да почне да се справува со фискалните предизвици. Обезбедувањето на цврсти макроекономски основи може да придонесе за одржлив економски развој и намалување на сиромаштијата додека Северна Македонија се приближува кон членство во ЕУ – изјави Масимилијано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка за Косово и Северна Македонија.

Во согласност со Фискалната стратегија на Северна Македонија за периодот 2025 – 2029 година, во извештајот се вели дека има значителен потенцијал за подобрување на наплатата на даноците и за оптимизирање на расходите на јавниот сектор. Проценките на Светска банка укажуваат дека со спроведување мерки како што се намалување на ослободувањата од ДДВ, спроведување прогресивно оданочување на приходите и зголемување на даноците за животна средина и даноците на имот, даночните приходи би можеле да се зголемат за 3,5 процентни поени од БДП.

- Advertisement -
Ad image

Според извештајот, со подобрување на наплатата на даноците и оптимизирање на расходите, Северна Македонија има можност да ги намали трошоците за задолжување и да распореди повеќе ресурси кон основните сектори клучни за нејзината иднина, како што се образованието и здравството.

Во извештајот се дадени низа препораки со цел насочување на земјата кон поодржлива фискална патека. Овие препораки опфаќаат конкретни мерки за зголемување на даночните приходи, реформи за подобрување на ефективноста на јавната администрација и напори за подобрување на ефикасноста на извршувањето на јавните услуги.

Меѓу другото се наведува дека Македонија има ниска стапка на ДДВ и дека собира најмалку даноци во споредба со земјите од регионот.

Групацијата Светска банка е партнер на Северна Македонија во разни проекти за финансирање и знаење со цел подобрување на ефикасноста, транспарентноста и одржливоста на јавните расходи, подобрување на ефективноста на даночната администрација и кои опфаќаат повеќе сектори, вклучувајќи ги образованието, социјалните услуги и земјоделството.

Линк до извештајот.

Share This Article