Македонија го откажа учеството на Евросонг 2023 година, кое теба да се одржи во мај во Ливерпул

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поради најавената економска и енергетска криза, Македонија го откажа учеството на Евросонг 2023 година, кое теба да се одржи во мај во Ливерпул, Велика Британија, објави порталот ММС, повикувајќи се на извори од МТВ.

– Нормално е МТВ да го откаже учеството на Евросонг. Тоа и се очекуваше. Како тргнало, прашање е дали ќе имаме струја да ја гледаме на телевизија, а не, пак, да учествуваме на Евробизија. Освен тоа, вработените се во страв дека и платите ќе им бидат намалени – велат извори на ММС.

Порталот побарал официјална информација од директорот на МТВ, Марјан Цветковски, кој потврдил дека за прв пат по осамостојувањето, земјава нема да биде дел од најголемата музичка манифестација во Европа.

– Да, да нема да учествуваме на Евровизија. Не сме платиле котизација. Најголем проблем се струјата и
големите трошоци, кои ќе ги предизвика патувањето и престојот во Велика Британија. Поради оваа состојба скратени се сите трошоци, па така и овие кои требаше да се платат за учество на Евросонг, ги насочивме за плаќање струја, изјави за ММС, Цветковски.

И Црна Гора денеска официјално потврди дека се откажува од учество на Евровизија во Ливерпул, а иста таква одлука донесе и Бугарија.

Share This Article