Македонија е во друштво со Киргистан и Гана, далеку зад соседите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонија е на 108. Место според проценета воена моќ на најновиот список објавен на познатиот сајт Глобал Фајрпауер, а во друштво сме на Киргистан, Гана, Брегот на Слоновата коска. Од нашите соседи од Балканот Грција предничи на 30 место, додека Србија на 58 место, веднаш зад неа е Бугарија на 59 место, Хрватска е на 69 место, а Словенија дури на 86 место. Нашиот сосед Албанија е на 91 место.

Зад Македонија се Црна Гора на 128 место и Босна и Херцеговина на 133 место.

Од нашите соседи, Србија драстично ја зголемила својата позиција на списокот ако се земе дека во 2017 година таа била на 87 место. Романија која е на 47. место и Унгарија на 54. место предничат пред Србија.

Според оваа процена на сајтот најмоќна армија во светот за 2023 година останува американската, а потоа следуваат Русија, Кина, Индија, Велика Британија, Јужна Кореја, Пакистан, Јапонија, Франција, Италија, Турција, Бразил, Индонезија, Египет, Украина, Австралија, Иран, Израел, Виетнам, Полска, Шпанија, Саудиска Арабија, Тајван, Тајланд и Германија.

Списокот е направен врз основа на конвенционално оружје, додека нуклеарните капацитети не се земени како одлучувачки фактор. Според Јаху Њуз сајтот Глобал Фајрпауер користел повеќе од 60 фактори за да го склопи списокот.

Некои аналитичари велат дека податоците кои се користени варираат и не се секогаш реални, а друг проблем е и тоа што како фактор не се земени обуката и образованието на војската, нејзините разузнавачки напади или ефективноста на нејзината командна структура.

Share This Article