More

    Македонија е петта најсиромашна земја во Европа за 2022 година според БДП кој го произведува по глава на жител

    spot_img

    Македонија е петта најсиромашна земја во Европа за 2022 година според Бруто домашниот производ(БДП) кој го произведува по глава на жител, покажува видео на Јутјуб, кое ги споредува европските земји и нивните економии од 1960-тите години до денес. Интересно е дека до 90-тите години во табелата од 10-те најсиромашни нигде не се јавува Југославија, а по 91-ва екс-ју републиките и други балкански земји се борат за „врвот“.

    Меѓу најсиромашните често се јавуваат и Украина и Молдавија.

    Што е БДП по глава на жител? Тоа е вкупното годишно економско производство на една држава кое се дели на бројот на граѓани, а кое за Македонија варира меѓу 1.309 и 6.900 долари по граѓанин во последните 31 години независност, зголемувајќи се паралелно со инфлацијата во цела Европа.

    Всушност, Македонија била на петто место на листата и во 1991 година, кога станала самостојна. Во 93-тата била на шесто, а 94-та на седмото место. На почетокот на милениумот сме биле на 11-то место, а во 2001 година на осмо.

    Од 2006 година до денес Македонија скоро секоја година е на петтото место.

    Постојат разни економски теории за тоа како се пресметува БДП-то. Некои економисти сметаат дека иако е популарен, подобар показател за економијата е коефициентот на куповна моќ, ППП. Со други зборови, што реално можете да купите со парите кои ги имате.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img