More

    Македонија добива нова поддршка од Светска банка

    spot_img

    Македонската Влада останува посветена на реализацијата на проектите што се спроведуваат со поддршка на Светска банка и можност за што поголем опфат од одобрената Рамка за партнерство којашто е во износ од околу 700 милиони американски долари. Поддршката од СБ има континуитет и таа ќе продолжи и во наредниот период, а значи поддршка за развојната агенда на земјата, било истакнато на средбите на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со потпретседателката на Светска банка Антонела Басани, извршниот директор Јуџин Ругенат и директорката за Западен Балкан, Шиаочин Ју.

    – Спроведување на реформите со поддршка на Светска банка е континуиран процес и тој ќе продолжи и во наредниот период. Во моментов се спроведуваат 10 проекти чиј износ е над 460 милиони американски долари и тие за Македонија значат подобрување на општинската локална инфраструктура, изградба и реконструкција на патишта, модернизација на земјоделството, енергетска ефикасност, реформи во социјалниот сектор, основното образование и јавната администрација. Реформите ќе продолжат и во наредниот период преку имплементација на Рамката за партнерство 2024-2028 со фокус на подобар квалитет на испорака на јавни услуги, зголемување на продуктивноста на работните места во приватниот сектор, како и зголемена отпорност на климата – истакнала министерката Димитриеска-Кочоска.

    Како што соопшти Министерството за финансии, таа посочила дека се преземаат активности за зајакнување на капацитетите на институциите за поголема апсорбција и имплементација на проектите за кои се одобрените средства од меѓународните финансиски институции, вклучително и од Светската банка.

    На средбата била потенцирана важноста од континуирната поддршка што ја дава Групацијата на Светска банка за реформите во земјава коишто, како што се наведува во соопштението, се поткрепа на политиките на новата Влада за создавање здрава основа за обезбедување макроекономска стабилност и забрзан економски раст.

    Средбите на министерката Димитриеска-Кочоска во Светска банка, на кои учествувала и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска се одржаа во рамки на Годишните средби на ММФ и СБ во Вашингтон. Претходно, министерката и гувернерката остварија средба и со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд, а министерката имаше одделни средби и со други меѓународни финансиски инстиуции, како и со министри за финансии кои учествуваа на Годишните средби во Вашингтон.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img