Македонец украл 4 автомобили во една вечер на Брач

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Четири автомобили биле украдени во една иста вечер на хрватскиот остров Брач, а главниот актер бил 22-годишен државјанин на Македонија, кој по завршување на кривичната истрага бил уапсен и притворен, информираат хрватските медиуми.

Сплитско-далматинската полиција соопшти дека против 22-годишникот ќе спроведе истрага во Полициската станица Брач.

Тој е осомничен дека ноќта на 7 јануари украл четири возила, со кои потоа направил сообраќајни незгоди и оштетил едно возило.

Вкупната материјална штета се проценува на неколку илјади евра,јави Индекс.

Тој во неделата со кривична пријава за неовластено користење и оштетување туѓ движен имот е предаден на надзорникот на притвор.

Share This Article