More

    Мајкл Џордан првиот спортист кој се најде на листата на Форбс 400

    spot_img

    Легендата на НБА, Мајкл Џордан стана првиот спортист кој се најде на листата на Форбс 400. Оваа ранг листа, која ја составува една од најавторитетните и најпознатите финансиски и економски публикации во светот, ги вклучува најбогатите луѓе во САД.

    Џордан, кој неодамна го продаде својот удел во Шарлот, „тежи“ три милијарди долари.  Во јуни, вредноста на шесткратниот шампион во НБА беше проценета на две милијарди долари.

    Во текот на 15 сезони во НБА, Џордан заработи 94 милиони долари и беше најплатен играч во лигата во 1997 и 1998 година.

    Главната заработка на Мајкл доаѓа од неговите активности надвор од теренот. Тој заработи приближно 2,4 милијарди долари (пред оданочување) работејќи со брендови како Мекдоналдс, Гаторејд, Ханес и Најк.

    Шеесетгодишниот Џордан го постигна својот најголем успех во август кога се раздели со својот мнозински удел во Хорнетс за три милијарди долари. Дваесет и седмиот по вредност клуб во НБА беше продаден за втората најголема сума во историјата на НБА. Тоа е 17 пати повеќе од она што вредеше Шарлот кога Џордан стана мнозински сопственик на тимот во 2010 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img