More

    Мајката што ја нападна наставничката во Србија ја кажа својата верзија

    spot_img

    Мајката на ученичката од трето одделение од ОУ „Свети Сава“, која наводно на екскурзија била турната од наставничката во второ одделение, ја претстави својата страна од приказната, објави српски Б92.

    – За тоа што го направив вчера, не беше ни време ни место, тоа не е оправдување, насилството не е решение, но бев многу револтирана и испровоцирана од однесувањето на наставничката – вели таа.

    Мајката наведе и дека таа и нејзиниот сопруг, кој исто така учествувал во овој немил настан, најпрвин се обиделе „најнормално да ѝ пријдат на наставничката“. Таа тврди дека учителката била многу арогантна.

    На новинарско прашање што му направила наставничката на нејзиното дете, мајката вели дека наставничката го турнала бидејќи влегло во кадар додека снимала други деца.

    – Толку силно го турна детето што падна врз другарчето. Инаку, детето има сериозен здравствен проблем. Некои весници објавија кој проблем го има детето, што сосем не е во ред – рече мајката.

    Мајката и таткото на болното дете ја поканиле наставничката на разговор, но таа била груба.

    – Беше многу груба и безобразна. Сето ова немаше да се случи ако кажеше „извини“ и одвоеше една минута за разговорот на кој ја поканивме – одговори мајката на изјавите на некои родители и на нападнатата наставничка дека не била груба со детето.

    Таа додаде дека и тогаш наставничката била „премногу безобразна“.

    – Ја искубав за коса, што не е во ред, откако ѝ кажав дека 5 години се борам за животот на тоа дете, дека не е во ред и дека детето е исплашено, ја прашав дали тоа значи дека детето не може да се дружи и дали да го носам в џеб, на што таа рече: „Да, треба да го носиш во џеб“ – рече таа.

    Мајката тврди дека во училиштата се случуваат многу нешта кои не се медиумски покриени.

    – Многу нешта се случуваат во училиштата, но тие се медиумски покриени само кога родителите ги напаѓаат наставниците, а обратното не се дознава. Мора да се слушне и другата страна – рече мајката на ученичката од трето одделение во ОУ „Свети Сава“.

    Таа заклучи дека е свесна дека извршила насилство и дека со сопругот ќе ја чека полицијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img