More

    Мајката раскажува за хоророт што им го приредил дефектологот

    spot_img

    Жената дефектолог, која е пријавена за физички напад врз дете на кое приватно му држела часови, е вработена во јавна установа, градинка во Општина Центар во Скопје, и слични приватни услуги дава и за други деца, откриваат родителите на тепаното девојче, кои велат дека случајот го пријавиле истото да не им се случува и да други деца.

    Трајанка, мајка на тригодишното девојче, за Република изјави дека подолго време забележале дека нивната ќерка покажува страв кога треба да дојде дефектологот, кој таа ја идентификува со иницијали Е.С., но не можеле да претпостават што се случува. Според мајката, девојчето било тегнето за уши, кубено за коса, подигано од земја, држајќи го за глава. Дефектологот, која тие ја ангажирале приватно, работела со детето додека биле сами во нивниот дом.

    – Е.С. работи во градинка во Центар. Детево во последниве две недели вриштеше и пиштеше од неа и дури се плаши кога ќе заѕвони ѕвонче дома. Кога ќе ѝ кажев дека ќе дојде Е.С. да работи, ќерка ми почнуваше да плаче и да покажува дека не сака. Излегував од дома со убедување дека моето дете плаче од каприц. Кога излегував од дома за да ги оставам да работат, нејзиниот отпор беше уште поголем. Ќе ме фатеше за нога и плачејќи не ме пушташе да излезам. Мислевме дека така реагира бидејќи ја тера да работи. Но, по последниот час што го имаа, кога си отиде дефектологот, ќерка ми цела се тресеше и вриштеше. Веднаш забележав дека ушињата ѝ се жар црвени. Ѝ се јавивме на Е.С. да ја прашаме дали знае зошто му се црвени ушите на детето, ми рече дека не знае, да си провериме да не е некој здравствен проблем. Ушињата почнаа да помодруваат. Сопругот ѝ се јави и многу смирено разговараше со неа, иако беше премногу бесен. Ѝ рече, кажи што се случило да знаеме и да заборавиме. Тоа ѝ го кажа со намера да ја испроцовира да каже. Рече, ако ви е полесно, ќе дојдам да му се извинам на детето, да го гушнам и да завршиме со соработката. Подоцна, откако ја пријавивме во полиција, таму изјавила дека тоа го кажала бидејќи била под закана. Секако, била прашана зошто не пријавила во полиција доколку била под закана – додава мајката на трауматизираното девојче.

    Случајот е пријавен во полиција и со дефектологот бил извршен службен разговор. Порталот Република стапил во контакт и со Е.С., но таа одбила да разговара пред да ангажира адвокат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img