Мајката на Мајли Сајрус ѝ го презела момчето на ќерката Ноа

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Тиш Сајрус (56), мајката на познатата пејачка Мајли Сајрус, ѝ го презела дечкото на помалата ќерка Ноа Сајрус, пишуваат американските медиуми.

Тиш се омажи со актерот Доминик Персел (54) на интимна церемонија лани во август, а Ноа не била поканета.

Како што пишуваат американските медиуми, Доминик бил во романтична врска со ќерката Ноа кога мајката Тиш почнала да се допишува со него.

Ноа Сајрус не сакала да присуствува на венчавката, наводно и поради тоа што била на страната на таткото Били Реј при разводот на нејзините родители.

Американските медиуми пишуваат за скандалот, но ни Ноа (24) ни Тиш не сакаат да коментираат. Меѓутоа, блиски до семејството откриваат детали: „Ноа се гледаше со Доминик кога Тиш почна да го гони. Знаела дека се во врска и сепак продолжила. Избувна расправија, а Ноа беше вознемирена што нејзината мајка ѝ го направи ова.”

Мајка ѝ на Мајли Сајрус месецов во поткастот „Call her Dаddy“ откри како се запознала со актерот и навела дека ѝ пишувал на Инстаграм уште од 2016 година.

– Го следев на Инстаграм, ми испрати порака дека само сака да ми се јави, дека сум супер и ми го пофали семејството… а таа порака не сум ја видела една година – рече Тиш и додаде дека дури следната година видела дека Доминик ја блокирал.

– Се прашував зошто го направил тоа, кога всушност дознав дека неговата бивша жена го направила тоа. Многу се смеев – рече невестата.

Share This Article