Мајката на исчезнатото девојче Данка Илиќ од Србија се породи и роди момче

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Мајката на исчезнатото девојче Данка Илиќ од Србија се породи и роди момче.

Како што дознава Информер, мајката и бебето се добро, а тоа го потврдила и Ивана Илиќ, мајката на Данка.

– Што се однесува до случајот со Данка, не знаеме апсолутно ништо. Немаме информации, се породив, родив син, и бебето и јас сме добро – изјавила кратко Ивана.

За потсетување, двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март кај Бор, а полицијата по десетдневна потрага и детални проверки на сите индиции и информации ги уапси Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ од Бор, кои се осомничени дека со автомобил ја удриле девојката, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот на автомобилот и го однеле на депонија.

Телото на девојчето сѐ уште не е пронајдено.

Share This Article