Две девојчиња се исчезнати во Луизијана откако нивната мајка беше брутално убиена во нивниот дом во четвртокот рано наутро. Државната полиција издаде итен налог за потрага по сестрите Џејла (6) и Ерин (4) по нивното исчезнување. Се верува дека тие биле киднапирани пред 8 часот во четвртокот.
Двете мали девојчиња пронајдени неколку часа подоцна во Мисисипи – едната мртва, а другата жива, соопшти полицијата.
Жител на Луизијана, кој бил во врска со жената, бил уапсен во Џексон, Мисисипи, во врска со смртта и киднапирањето, соопштија истражителите.
– Тој го имаше автомобилот на жртвата заедно со нејзиното живо и здраво 6-годишно дете – рече главниот заменик Џими Тревис од Канцеларијата на шерифот на парохијата Тангипахоа во Луизијана.
Телото на другото дете, 4-годишното, било пронајдено во близина на автомобилот во шумска област во Џексон.
Инаку исчезнувањето на Кали Брунет (35) било пријавено 24 часа порано и на крајот била пронајдена мртва во нејзиниот дом, пишува „Daily Mail“.
Полицијата соопшти дека нејзиниот татко го пронашол безживотното тело на подот во спалната соба и се верува дека таа е убиена.
Инспекторите го нарекоа местото на настанот „очигледно убиство“ и рекоа дека има причина да се верува дека децата се во непосредна опасност.
Кали била пријавена за исчезната повеќе од 24 часа пред детективите да го пронајдат нејзиното тело.
Началникот на полицијата рече дека децата во овој момент би можеле да бидат на половина пат низ државата, но дека ги користат сите средства да ги најдат и да ги вратат дома.
Тој додаде дека децата исчезнале заедно со автомобилот на нивната мајка.
Во моментов нема осомничени, ниту пак се знае каде би можеле да бидат децата.
Инспекторите ја истражуваат смртта на мајката како убиство, но не се знае начинот на нејзината смрт.
Активиран е амбер аларм, мажот се смета за вооружен и опасен и на јавноста и се препорачува да не му приоѓа.