Белграѓанката Миланка Љубичиќ, мајка на Ана Валш (36), чиј сопруг Брајан Валш (46) пред неколку дена беше обвинет за убиството, се сомнева дека нејзиниот зет извршил кривично дело пијан и ја убил и искасапил нејзината ќерка, а потоа ја фрлил во контејнер, пишува Курир.рс.
– Ако Брајан сепак стана чудовиште и крена рака на Ана и покрај моите убедувања дека е добар сопруг и татко, тогаш верувам дека за тоа е виновен алкохолот. Алкохолот што го конзумирале на новогодишната ноќ… Затоа што не ми текнува ништо друго – вели Миланка.
Несреќната мајка, на која инаку нарушеното здравје и се влошило по исчезнувањето на нејзината ќерка, се уште се надева дека од некаде ќе се појави нејзината помала ќерка, како во најубав сон, бидејќи уште од првиот ден се сомнева дека Ана се засолнила некаде поради деловни проблеми.