Миљана К. мајка на убиецот од „Владислав Рибникар“ заедно со нејзината малолетна ќерка се обидоа да ја напуштат Србија.
Тие биле запрени на граничниот премин „Прохор Пчињски“ на пат кон Македонија, објавија српските медиуми.
Засега не се знае дали Македонија или Грција им била крајната дестинација.
На крајот на минатиот месец беше покрената истрага против Миљана К., мајката на малолетното момче убиец кој уби деветмина негови врсници и чуварот на училиштето „Владимир Рибникар“, поради сомнение дека таа го занемарила и малтретирала момчето убиец пред делото.
Доколку се докаже дека го сторила ова кривично дело, ѝ се заканува затворска казна до три години.
На 23 мај првото Основно јавно обвинителство во Белград соопшти дека на полицијата ѝ било наредено да собере податоци за мајката на момчето убиец.
Исто така, на Градскиот центар за социјална работа потоа му било наложено да изврши дијагностичка проценка на функционирањето на семејството на момчето убиец и за ова да поднесе пријава до Обвинителството, како и да утврди дали наведеното семејство претходно било во евиденција на тоа тело.