Мери Амбросова е Македонка која веќе неколку години живее во Украина откако се омажила за Украинец.
Во видеото кое го објави на Инстаграм таа вели дека со ќерката сами се движат кон граница, со надеж дека како странец ќе ја пуштат да ја премине градинцата и да се врати во Македонија.
Таа додава дека нејзиниот сопруг останал, дека на патиштата е голема гужва, а до граница ги чека уште 10 часа пат.
– Кај луѓето има паника дека нема да имаат ниту за храна, ниту за бензин. Имам уште 10 часа пат до граница, воопшто не ни знам дали ќе успеам да поминам дали не – вели Мери.
Целото нејзино сведоштво погледнете го во видеото во продожение.