Во медиумите со недели се шпекулира за здравствената состојба на познатиот оскаровец.
Боксерската легенда Мајк Тајсон откри шокантни новости за здравјето на актерот Џејми Фокс (55).
– Не се чувствува добро. Велат дека имал мозочен удар. Немам поим што му се случило – рекол боксерот, пренесува „Сан“.
Се зборува дека Фокс ги поминал последните неколку недели во болница, а сега се верува дека се опоравува дома. Здравствените проблеми на актерот и се познати на јавноста од средината на април, кога неговата ќерка Корин Фокс ја сподели веста со следбениците на социјалните мрежи.
– Сакаме да споделиме дека мојот татко Џејми Фокс вчера имаше медицински компликации. За среќа, поради брзата реакција и одличната нега тој веќе е на пат кон закрепнување. Знаеме колку го сакате и ги цениме вашите молитви. Семејството моли за приватност во овој период. Со многу љубов, семејството Фокс“, напиша Корин.