Поради густата магла и намалената видливост вчера и денеска беа одложенни повеќе летови од скопскиот аеродром, а некои авиони беа пренасочени кон аеродромот во Приштина, Косово.
На аеродромот во Скопје дел од авионите слетуваат со поголемо доцнење. Најголем дел од летовите беа пренасочени во Приштина, по што, со неколкучасовно задоцнување слетуваа во Скопје. Синоќа беа пренасочени пет лета во Приштина. Три од Германија и по еден од Италија и од Швајцарија, а откажани беа летовите од Истанбул и од Базел.
И утрово редовните летови од Истанбул за Скопје доцнеа по најмалку два часа.
Вечерта на 31 декември, исто така, најмалку три лета беа пренасочени во Приштина, па следното утро авионите долетаа оттаму во Скопје за да земат патници.
Од утре се очекува разведрување, па ќе видиме како тоа ќе влијае врз распоредот на скопскиот аеродром.