Магла ќе ги покрие котлините, потоа времето ќе се промени

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека наутро во земјава ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини.

Преку денот нѐ очекува сончево со мала до умерена локална облачност која попладне ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието и во источните делови повремено ќе засилува.

Минималните утрински температури ќе се движат од – 6 во Маврово до 3 во Гевгелија, а максималните дневни од 0 во Маврово и 10 Целзиусови степени во Гевгелија.

Во Скопје, сончево со променлива облачност и студено. Ќе дува умерен, во делови од котлината со умерен до краткотрајно засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од – 1 до 9 степени.

За утре метеоролозите најавуваат дека наутро во земјава ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот нѐ очекува сончево со мала до умерена локална облачност која попладне ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од – 7 до 1, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.

Исто време нѐ очекува и во претпоследниот и во последниот ден од оваа година. Утрата е бидат магливи, а во текот на денот ќе се појави сонце, но со мала умерена облачност.

Share This Article