Магла има на Страцин, а снег паѓа на Попова Шапка

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од дожд и снег се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Во останатите делови од државата врнежите се од дожд, соопшти ЈП Македонијапат.

Намалена видливост поради појава на магла до 100метри има на патниот правец Страцин – Кратово и од 50 – 100 метри на патниот правец Велес – Катланово.

Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.

Share This Article