Мафините се секогаш добар избор за појадок дома или за носење.
Состојки:
– 400 гр брашно
– 1 кесичка прашок за пециво
– 1 лажичка сол
– 90 гр путер
– 1 јајце
– 400 мл јогурт
– 150 мл млеко
– 1 лажичка босилек
– 100 гр рендано сирење
– 75 гр пршута
– 1 лажица маслиново масло
Подготовка:
Измешајте го брашното со прашокот за пециво, додадете сол, путер, јајце, јогурт, млеко, босилек и убаво измешајте со миксер.
На крајот измешајте го ренданото сирење во подготвената смеса, земете го со лажица и ставете го во подмачкани калапи за мафини.
Одозгора ставете ја пршутата исечена на ленти или коцки и посипете ја со маслиново масло.
Се пече во рерна загреана на 200 степени околу 30 минути.
После тоа, покријте со фолија и печете уште 15 минути.
Пријатно!