Поп – кралицата Мадона минатиот месец заврши в болница поради тешка инфекција, поради што ја одложи и турнејата. Пејачката која се движи кон средината на седмото десетлетие од својот живот, сега е дома, па на Инстаграм објави видео на коешто танцува и им покажа на обожавателите дека заздравува успешно и се чувствува добро, прославувајќи ја, меѓу другото, и 40-годишнината од објавувањето на нејзиниот прв албум.
„Се чувствувам како најсреќната ѕвезда на светот бидејќи можам да го движам телото и барем малку да танцувам. Им благодарам на сите мои обожаватели и пријатели. Вие сте моите среќни ѕвезди“, напиша таа покрај објавата.
Нејзините следачи во коментарите ѝ порачаа дека е „незапирлива“ и „непобедлива“…
За потсетување, Мадона на крајот на јуни заврши на интензивна нега, каде што беше интубирана. Нејзиниот долгогодишен менаџер Гај Осеари објави на Инстаграм дека пејачката „развила сериозна бактериска инфекција“ што довела до неколкудневен престој в болница.
ФОТО: Инстаграм