Поп иконата Мадона го остави своето 37 години помладо момче Акем Морис.
Според извор близок до пејачката, парот тивко се разделил кон крајот на октомври, само неколку месеци откако таа ги споделила првите заеднички фотографии како уживаат во текот на прославата на 4 јули.
– Мадона со оваа „играчка“ наиде на ист проблем како и со сите нејзини неодамнешни мажи – изјави ексклузивно за „Дејли мејл“ извор близок до ѕвездата.
– Разликата во години стана проблем – продолжил изворот.
– Тие доаѓаат од различни временски периоди. Кога патувањето низ светот престана, престана и возбудата – открил изворот.
Да потсетиме, иако нивната врска неодамна стана позната, Мадона и Акем се познаваат веќе некое време. И двајцата учествувале на снимање за списанието „Пејпр“ во 2022 година. Заедно го прославија и Денот на американската независност, пишува „Дејли мејл“.
Акем е роден на 2 мај 1996 година во Јамајка и во моментот живее во Њујорк. Дипломирал политички науки на Универзитетот Стони Брук, а претходно играл фудбал. Мадона неодамна раскина со 30-годишниот Џо Попер. Пред тоа беше во врска со 35 години помладиот Ахламалик Вилијамс, а претходно беше во врска и со 41 година помладиот скејтер Андре Дарнел.