More

    Мадона била во кома 48 часа, дури сега е јасно во каква опасност се наоѓала

    spot_img

    Кралицата на поп музиката Мадона (65) откри дека била во индуцирана кома 48 часа додека била хоспитализирана поради бактериска инфекција.

    Пејачката на концерт во Њујорк проговори за своето здравје. Обраќајќи им се на присутните, Мадона ја поздрави својата пријателка Шаван, велејќи: „Има некои многу важни луѓе вечерва овде кои беа со мене во болница. Постои една многу важна жена која ме одвлече во болница“.

    „Не се ни сеќавам… Се онесвестив на подот во бањата и се разбудив на интензивна… Бев во индуцирана кома 48 часа. Таа ми го спаси животот. Ти благодарам, Шаван“, додала Мадона.

    Потсетуваме, музичката дива летово заврши на интензивна нега, каде што беше интубирана. Нејзиниот долгогодишен менаџер Гај Осеари објави тогаш на Инстаграм дека Мадона „развила сериозна бактериска инфекција што довела до неколкудневен престој на интензивна нега“.

    Мадона потоа ја одложи турнејата, која требаше да започне на 15 јули во Ванкувер, Канада, но, откако закрепна, турнејата почна во октомври.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img