More

    МААЕ во Украина ги истражува руските наводи за производство на валкана бомба

    spot_img

    Експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) почнаа со проверка на две локации каде руските власти тврдат дека Украина произведува валкана бомба.

    Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, изјави дека инспекциите започнале на две локации во Украина и ќе бидат завршени наскоро.

    Украина ги побара овие инспекции по руското обвинение.

    Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу неодамна имаше телефонски разговори со министрите за одбрана на Турција, Франција, Велика Британија и САД.

    Шојгу на своите колеги им ја пренесе својата загриженост „за можната провокација на Украина“ и „можната украинска употреба на „валкана“ бомба на нејзина почва со цел да ја обвини Русија за тој напад.

    Украина и западните земји го гледаат како закана од Русија, за која постои сомневање дека може сама да ја искористи „валканата бомба“ под овој изговор.

    Радиолошка бомба или „валкана бомба“ се состои од конвенционален експлозив опкружен со радиоактивни материјали кои се шират во моментот на експлозијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img