Љупчо Палевски повеќе не е претседател на политичката партија Десна – Обвинителството сѐ уште не повело постапка за дерегистрација на партијата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Љупчо Палевски повеќе не е претседател на политичката партија Десна. На сите други осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски кои се членови на партијата, им се замрзнати членството и функциите, објави ТВ Сител.

За претседател на партијата е избран Тони Алексовски, основач и член на Десна.

Од партијата ги оценуваат како закана кон членството и како сериозен политички преседан повиците на премиерот Димитар Ковачевски и на министерот Оливер Спасовски партијата да биде дерегистрирана.

„Десна цврсто и решително продолжува по промакедонскиот курс, преку спроведување на редовните партиски активности, во прв ред борбата за зачувување на името и статусот на МПЦ – ОА, иницијативата за Референдум за раскинување на штетниот антимакедонски Договор за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, како и подготовка за претседателските и парламентарните избори“, посочиле од партијата за Сител.

Од обвинителството ќе зависи дали партијата ќе згасне, но таква постапка сѐ уште не е поведена.

Во Законот за политички партии се наведени основите поради кои јавен обвинител може да поведе постапка пред надлежен суд за бришење на политичка партија. Доколку се утврди дека се исполнети законските основи, обвинителството ќе постапи според своите надлежности, велат од Обвинителството од каде посочуваат дека истрагата е сѐ уште во тек.

Првоосомничениот Палевски е во привремен затвор во Турција каде беше приведен во почетокот на декември. Останатите осомничени добија нов 30-дневен притвор во Македонија.

Share This Article