More

    Љупчо Николовски потрошил 976.199 денари во кафеани како министер за земјоделие, обвини Петрушевски

    spot_img

    Денеска и во наредните неколку дена ќе обелодениме како Љупчо Николовски покрај тоа што исплаќал милионски субвенции на фирми блиски до СДСМ без основ, и раскалашено трошел народни пари на лични задоволства и нему блиски луѓе, изјави Бране Петрупешевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

    – Љупчо Дон Николовски за три ипол години колку што бил министер за земјоделство потрошил 976.199 денари во кафеани и ресторани. Раскалашеноста е заштитен знак на СДСМ. 976.199 денари кога ќе го поделиме на 42 месеци, доаѓаме до сума од 23.400 денари, пари кои Дон Николовски ги трошел на кафеани. Ова го презентираме вака за и самиот Дон Николовски да сфати дека месечно во кафеани трошел по една плата, со која во државава живеат цели семејства. Првата година од своето министерување Дон Николовски потрошил 294.780 денари народни пари на кафеани и ресторани, а последната предизборната 2023 година цели 377.700 денари. На масата на Дон Николовски често се наоѓале јадења како телешки мускул, чаден лосос, ракчиња и разни морски плодови, а се пиеле и скапи вина како Алшар од по 3.500 денари шише. Дон Николовски се однесувал како Бисера Антоанета и без пардон трошел народни пари на кафанско седенки, додека од друга страна лицемерно зборувале дека работат за народот. Ова е таа раскалашеност и лицемерие на СДСМ. Утре и во наредните неколку дена целосно ќе го разоткриеме Дон Николовски и неговиот раскошен начин на живеење и патување – изјави Петрушевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img