Лукашенко со денови не е виден во јавноста, се шпекулира дека е тешко болен

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Belarus' President Alexander Lukashenko attends the Victory Day military parade at Red Square in central Moscow on May 9, 2023. Russia celebrates the 78th anniversary of the victory over Nazi Germany during World War II. (Photo by Gavriil GRIGOROV / SPUTNIK / AFP)

Белорускиот претседател Александар Лукашенко, кој не е виден во јавноста од вторникот, не се појави на церемонијата во Минск во неделата, што ги подгреа шпекулациите дека е тешко болен.Државната новинска агенција БелТА објави дека премиерот Роман Головченко ја прочитал пораката на Лукашенко на годишната церемонија на која двајца млади полагаат заклетва пред знамето на поранешниот Советски Сојуз.

Агенцијата не ја наведе причината за отсуството на Лукашенко, пет дена откако тој беше во Москва за да ја прослави победата на Советскиот Сојуз над Германија во Втората светска војна. Но и тогаш изгледаше лошо и не остана до крајот.

Лукашенко исто така не зборуваше на слична церемонија во Минск, за прв пат во неговото долго владеење. Тоа беше последен пат кога беше виден во јавноста.

Според опозицискиот портал Еурорадио, Лукашенко (68) во саботата бил префрлен во елитна клиника во Минск.

За неговото здравје пишува и рускиот весник „Комерсант“, повикувајќи се на белоруски опозициски медиуми. Руските медиуми ретко пишуваат за здравјето на лидерите на руските или сојузничките земји.

Белорускиот министер за надворешни работи Сергеј Алеиник во понеделник треба да пристигне во тридневна посета на Москва, соопшти минатата недела руското Министерство за надворешни работи.

Share This Article