More

    Лукашенко е оптимист дека со Трамп нештата ќе бидат поинакви

    spot_img

    Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека се надева оти со победата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп на претседателските избори во САД нешто ќе се промени бидејќи Трамп „се бори за иднината на своите деца“.

    Лукашенко оцени дека кога на власт се луѓе без искуство, тоа е една работа, а „кога луѓето немаат деца, тоа е катастрофа“, пренесува РИА новости.

    – Трамп има големо семејство, деца. Трамп ја има нашата Меланија, која цврсто го држи в раце. Тоа што има семејство и деца е голема работа. Тој не размислува само за својата иднина, туку и за иднината на своите деца – рече Лукашенко.

    Во вторникот Трамп стана првиот американски претседател што се вратил во Белата куќа по четиригодишна пауза во историјата на САД.

    Од друга страна, противничката на Трамп Камала Харис беше критикувана од републиканците за време на изборната кампања бидејќи нема биолошки деца.

    Одговарајќи на овие наводи, таа рече дека „ова веќе не се педесеттите години од минатиот век“.

    Таа исто така ги нарече лоши и злонамерни коментарите на републиканскиот кандидат за потпретседател Џеј ди Венс за „дамите без деца што чуваат мачки“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img