More

    Лукаровска тврди дека Заев не го брка Ковачевски од лидерската функција во СДСМ

    spot_img

    Нема никаков ултиматум – вели потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска за информациите кои се појавија во јавноста дека Зоран Заев му порачал на Димитар Ковачевски да замине од лидерската функција во СДСМ кога ќе си поднесува оставка од премиер.

    – Не станува збор за никаков ултиматум од поранешниот претседател на СДСМ кон сегашниот претседател на СДСМ. И пред година дена имаше натписи дека има одредени разноликости во делот на функционирањето меѓу Заев и Ковачевски, но времето го демантираше тоа. Во СДСМ можеби има различни ставови за битни, клучни државнички прашања, но тоа не значи дека има неединство – рече Лукаревска на гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

    Веќе цела година во јавноста протекуваат информации за наводниот раскол во СДСМ, но актуелниот премиер мудро молчи. Интересно е тоа што на последната прес конференција, кога Ковачевски беше запрашан дали со Заев се консултирал за изборните листи – тој само рече дека со Заев се слушнал за да си ги честита празниците – ниту потврди ниту демантираше дека конците во партијата можеби се уште ги води Зоран Заев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img