More

    Лука Павиќевиќ освои трето место во жестока конкуренција

    spot_img

    Средношколци од меѓународното училиште „Нова“ освоија бронзен медал во вкупниот пласман на меѓународниот турнир во општо знаење (CEESA Knowledge Bowl) на кој учествуваа 24 тимови од 12 образовни институции од Централна и од Источна Европа. Во рамки на индивидуалниот натпревар, средношколецот Лука Павиќевиќ го освои третото место во жестока конкуренција на над педесет ученици од училиштата CEESA (Central & Eastern European Schools Association).

    Станува збор за турнир на кој учесниците одговараат на случајно избрани прашања од различни теми како што се историја, природни науки, уметност, географија, лингвистика и сл., а покрај знаењето, од исклучителна важност е и брзината на одговарање. Меѓународниот турнир се организира секоја година во различни градови од Европа, но годинава, исто како и лани, натпреварите се одржуваа онлајн поради пандемијата.

    На годинешниот CEESA Knowledge Bowl турнир кој се одржа на 4 и 5 февруари, „Нова“ ја претставуваа два тима од училиштето. Првиот тим го сочинуваа учениците Маја Теофиловска, Федерико Бого, Андреј Давитков и Питер Батимир, додека вториот тим беше составен од Искра Митевска, Лука Павиќевиќ, Кијан Азгур, Марин Ивчески и Даниел Батимир. Првиот тим на „Нова“ имаше извонреден настап во квалификациските рунди, победувајќи во сите пет квалификациски натпревари со многу голема разлика.

    – Осма година по ред тимовите на „Нова“ се меѓу првите три највисоко рангирани селекции на CEESA, а втора година по ред откако е воведена поединечна конкуренција, имаме наш ученик меѓу тројцата најдобри натпреварувачи. Ова е резултат на напорната работа и големиот ентузијазам на нашите ученици, како и времето што ние како тренери го инвестираме во усовршување на вештините на нашиот тим и регрутирање нови кандидати – велат тренерите на тимот на „Нова“.

    Натпреварот Knowledge Bowl во 2016 година се одржа во Скопје, кога домаќин беше меѓународното училиште „Нова“. Тогаш двата македонски тима се пласираа на првото и второто место.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img