Францускиот гигант за луксузни стоки, „Луj Витон“ (Moet Hennessy Louis Vuitton) стана првата европска компанија што ја надмина пазарна вредност од 500 милијарди долари, што е резултат на скокот на цените на акциите и јакнењето на еврото.
Луксузната групација на милијардерот Бернард Арно, објави пораст на приходите од 17% за првиот квартал од годинава, што е двојно повеќе од очекувањата на аналитичарите.
Акциите на матичната компанија на брендовите „Louis Vuitton“, „Moët & Chandon и Hennessy“, потоа „Givenchy“, „Christian Dior“, „Bulgari и Sephora“ – сосема природно и очекувано – скокнаа по објавувањето на резултатите.
Акциите на самата групација, која е присутна на берзата во Париз, вчера поскапеа за 0,3% до 903,70 евра за парче, а благодарение на нив вредноста на LVMH беше проценета на 454 милијарди евра или 500,5 милијарди долари.