Користењето органска храна треба да значи поздрава исхрана, но дали е тоа вистина? Резултатите од едно истражување даваат сосема поинаква слика.
Младите луѓе кои консумираат повеќе органска храна имаат повеќе токсини во крвта и урината во споредба со оние кои не го прават тоа, покажува студијата спроведена од експертот за рак Ник ван Ларебек, поранешен член на Советот за супериорно здравје (Superior Health Council), пишува Brussels Times .
Пред четири години, Ван Ларебек го започнал своето истражување засновано на прашањето „дали органската храна е поздрава?“
Тој и неговиот тим претпоставувале дека ќе потврдат дека органската храна е навистина поздрава. Сепак, резултатите кажале сосема поинаква приказна.
„Нашата работна хипотеза беше дека поголемата потрошувачка на органска храна оди рака под рака со помалку пестициди.
Но, се покажа дека тоа не е така“, изјавил Ван Ларебек за VRT, пренесува Брисел Тајмс.
Повеќе за ова прочитајте на „Арт кујна“.