More

    „Луфтханза“ влегува на македонскиот пазар

    spot_img

    Со слетување на првиот авион на „Луфтханза“ на скопскиот аеродром, денеска ќе биде означен стартот на новата авиолинија Франкфурт-Скопје и влезот на германската авиокомпанија на македонскиот пазар.

    На Меѓународниот aеродром Скопје, првиот авион од Франкфурт ќе го пречекаат министерот за транспорт и врски Благој Боварски, германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер, генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак и регионалниот директор на групацијата „Луфтханза“ Петер Пулем.

    Новата авиолинија – од Скопје до Франкфурт се реализира со субвенции од Владата. „Луфтханза“ ќе лета од Скопје до Франкфурт од 23 април, десет пати неделно.

    Преку Франкфурт, патниците од земјава ќе имаат можност да се поврзат со повеќе од 200 дестинации во повеќе држави во Европа и светот.

     

    Покрај „Луфтханза“, договорени се и четири нови дестинации со унгарски „Виз Ер“, од Скопје до Луксембург, Штутград, Салцубург и до Љубљана. „Виз Ер“ ќе ги опслужува  четирите нови дестинации три пати неделно од 1 ноември годинава.

    Субвенционираната поддршка за новите летови изнесува седум евра во денарска против вредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром Скопје.

    Дестинациите кон кои оперира „Виз Ер“ со летниот ред на летање од Скопје се: Будимпешта, Сандефјорд, Стокхолм, Гетеборг, Малме, АјндховенБриселПаризДортмундКелн,  ФридрихсхафенМемимгенФранккфурт ХанБазелНирнбергБерлинМиланоХамбургТревизоБременБратиславаРимВаџо, Баден БаденМалта, Базел и Болоња,  а од Охрид кон  Базел, Меминген, Дортмунд, Виена, Малме. Виз ЕР УК пак опслужува линијата Скопје – Лондон, а Виз Ер Малта линијата Виена – Охрид.

    Од аеродромите во Скопје и во Охрид во летниот ред на летање се и авиокомпаниите Аустријан Ерлајнс (Скопје – Виена), Ер Србија (Скопје-Белград и Охрид – Белград), Кроација Ерлјанс (Скопје-Загреб и Скопје – Сплит), Туркиш Ерлајнс (Скопје – Истанбул), Еделвајс  (Скопје – Цирих), Пегасус ерлајнс (Скопје – Истанбул и Скопје – Измир),  Чер Ерлајнс (Скопје – Цирих и Охрид – Цирих), Ејџиан Ерлајнс (Скопје – Атина),  Лот Полиш Ерлајнс (Скопје – Варшава) Изи Џет (Женева – Скопје), Норвежијан Ер (Осло – Скопје),  Сан Експрес Ерлајнс (Скопје – Анталија и Скопје – Измир) и Ер Каиро (Скопје – Хургада).

    Фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img