Германската авиокомпанија Луфтханза го продолжи откажувањето на летовите до Тел Авив до 25 ноември поради случувањата на Блискиот Исток.
Според Луфтханза, распоредот на летови е ажуриран поради најновите случувања на Блискиот Исток.
Се наведува дека летовите за Тел Авив се суспендирани до 25 ноември 2024 година.
Компанијата Луфтханза, која ги прекина летовите до Тел Авив до 10 ноември, објави дека летовите до Техеран, главниот град на Иран, се откажани до 31 јануари 2025 година, а до Бејрут, главниот град на Либан, до 28 февруари 2025 година.
Поради зголемената загриженост за безбедноста по израелските напади, Луфтханза неодамна неколку пати го продолжи откажувањето на летовите за Блискиот Исток.
Групацијата Луфтханза вклучува компании како што се Eurowings, Swiss, Austrian Airlines и Brussels Airlines.