More

    Љубовна приказна на 21 век

    spot_img

    Марко Пуришиќ попознат како Бејби Лазања и неговата избраничка Елизабета Ружиќ се венчаа во тајност. Сепак, фотографиите стигнаа во јавноста.

    Марко и Елизабета се венчаа во црква во селото Завршје во Истра. Поканиле околу 50 гости, на кои им било кажано дека не смеат да ги фотографираат. Но, не успеале во својот план со оглед на тоа што пред црквата спремно ги чекаа фоторепортерите.

    Интересно е што токму Елизабета помогна во снимањето на неговиот спот за хитот „Рим Тим Таги Дим“, благодарение на кој го освои второто место на овогодинешниот Евросонг.

    – Марко и јас се знаеме повеќе од три години. Се запознавме на Инстаграм. Тој свиреше во бенд, јас знаев за тој бенд. Ја видов сликата и помислив: „Види, каков убав дечко“. Решив да додадам него на Инстаграм и тој ме заследи, а потоа ми се јави. Љубовна приказна на 21 век – рекла таа.

    Тој во август изјави за „ИН Магазин“ дека е малку одвоен од подготовките за венчавката.

    „Го правам она што ми е кажано дека морам да го правам, но тие си течат… Ќе има малку паника бидејќи сме навистина зафатени, така што е помала веројатноста да стигнеме таму. Имаме помош од семејството и пријателите, така што тие, подготовките одат добро, мислам“, рече тој. Тој не сакаше да го открие датумот на венчавката.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img