Лидерот на политичката партија Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, доби ослободителна пресуда за случајот „Кампања“, бидејќи Кривичниот суд на повтореното судење утврдил дека немало недозволено финансирање на кампањата на неговата партија на изборите во 2011 година.
Судиката Елена Илиевска-Јосифовиќ соопшти дека Бошкоски се ослободува од обвинение, а во судницата згрми аплауз.3
– Судот не утврди дека Љубе Бошкоски примил парични средства за финансирање на изборната кампања за парламентарните избори 2011 година, што би претставувало недозволено финансирање на изборната кампања – рече судијката.
Под сомнение за нелегално финансирање на изборната кампања, Бошкоски беше уапсен веднаш по изборите на 6 јуни 2011 година, пред ресторанот „Воденица“ во Скопје. Тој беше осуден на 5 години затворска казна која ја одлежа во „Идризово“.
Подоцна, Судот за човекови права во Стразбур одлучи дека на Бошкоски му биле прекршени правата на фер судење во случајот „Кампања“, по што тој побара повторување на судењето.