More

    Лошите економски резултати во 10 земји можат да ја потресат Унијата

    spot_img

    Лошата економска ситуација во Германија и во девет други земји на ЕУ може да има негативни последици за целиот блок, предупреди  Европската комисија откако го доби Извештајот за механизмот за тревога.

    – ЕУ се соочува со сериозни структурни предизвици кои го загрозуваат нашиот долгорочен просперитет – рече европскиот економски комесар Валдис Домбровскис, предупредувајќи дека „потребна е итна акција“.

    Цел на извештајот е рано откривање и решавање на проблемите. Показателите што се земаат предвид вклучуваат стапка на невработеност, нивоа на долг, текови на кредити и цени на имотот. Макроекономската нерамнотежа во една земја на ЕУ, на пример висок тековен буџетски дефицит или балон на недвижности, може да доведе до прелевање на други земји-членки.

    „Невообичаено високата инфлација во последниве години, вклучувајќи ги и зголемените трошоци за работна сила и цените на недвижностите, го зеде својот данок“, се вели во соопштението на Комисијата што го пренесе хрватската агенција Хина.

    Заедно со Германија, која долго време се смета за водечка европска економија, Кипар, Грција, Италија, Унгарија, Естонија, Романија, Словачка, Шведска и Холандија ќе бидат подложени на подлабока анализа од страна на Комисијата во 2025 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img