Во недела повторно поскапуваат одредени марки цигари, соопшти Царинската управа.
Компанијата Велетабак д.о.о. пријавил, согласно член 89 ставови 1 и 5 од Законот за акцизи, зголемување на малопродажните цени за одредени марки цигари со датум на стапување во сила 11.06.2023 година.
Марките на цигарите за кои е пријавено поскапување на мало се прикажани и означени со жолта боја на табеларниот приказ Податоците за пријавените малопродажни цени на цигарите со важност на 11.06.2023 година, што е објавен на веб-страницата на Царинската управа, група за акцизни постапки.