More

    Лоши вести од Бакингемската палата

    spot_img

    На британскиот крал Чарлс Трети му е дијагностициран облик на рак, објави велат од Бакингемската палата, наведувајќи дека не станува збор за рак на простата, туку бил откриен за време на неговиот неодамнешен третман за зголемена простата.

    Видот на ракот не е откриен, но според соопштението на палатата, кралот почнал со „редовни третмани“ во понеделникот.

    Бакингемската палата соопшти дека кралот „останува целосно позитивен во однос на неговиот третман и со нетрпение очекува да се врати на целосна јавна должност што е можно поскоро“.

    Кралот ќе ги одложи своите јавни ангажмани и се очекува другите членови на кралското семејство да му помогнат за време на неговото лекување. Бакингемската палата не сподели дополнителни детали за стадиумот на ракот или прогнозата.

    Иако нема да се појавува на јавни настани, 75-годишниот крал ќе продолжи со својата уставна улога како шеф на државата.

    Вчера тој беше виден на богослужба во Сандрингем, каде што им мавна на толпата. Пред повеќе од една недела имаше операција на простата во приватна болница во Лондон.

    „Кралот одлучи да излезе во јавноста и да проговори за третманот за простата, со цел да охрабри повеќе мажи да направат прегледи на простата“, соопшти палатата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img