Болница Ал Шифа во северниот дел на Појасот Газа синоќа остана без гориво и без струја. Доктор Гасан Абу Ситах, пластичен хирург од северен Лондон кој работи во болницата, вели дека ова е „лош знак“ и навестува што ќе се случи во неговата болница откако ќе остане без гориво.
Абу Ситах вели дека сега во болница има околу 1.800 пациенти и дека само во последните 24 часа се донесени 600 мртви Палестинци. Тој додава дека „има три пати повеќе ранети“.
– Луѓето се насекаде.Во ходникот се на подовите, во одделенијата се на подовите. Душеците се насекаде – изјави тој за Би-Би-Си.
Абу Ситах, исто така, вели дека поради „забрзаната потрошувачка“ на потрошен материјал и на залихите, лекарите сега мора „да прават компромиси за лекување на пациентите во реално време“.
Докторот ги нарече камионите со помош за Газа само обичен „трик“ и парада за јавност.
– Кога испраќате 15-20 камиони на место со повеќе од два милиони луѓе, го правите тоа за да изгледа дека доаѓа помош. Не е дека имате намера да го промените исходот за 15.000 повредени – вели доктор Абу Ситах.