Денеска времето ќе биде облачно и свежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд (над 30 l/m2), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и услови за појава на град, информира УХМР.
Минималната температура ќе достигне до 20 степени, а дневната ќе се искачи до 25 степени.
Во Скопје облачно и свежо со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи и засилен ветер.
Температурата во Скопје ќе достигне до 24 степени.