Локалната Телевизија Стар објави снимка од тепачка што се случила на Градскиот базен во Штип, кој е во состав на новоизградениот аква- парк

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Локалната Телевизија Стар вчера објави снимка од тепачка што се случила на Градскиот базен во Штип, кој е во состав на новоизградениот аква- парк отворен во јуни пред две години.

На снимката може да се види како мажи, жени и млади си разменуваат тупаници, клоци, а потоа со тупаници и удари со нозе силата ја мерат и три жени, односно две жени тепаат една која е легната на земја. Повозрасен маж брка и удира поситно момче.

Тепачката се случувала пред очите децата кои зачудено ги гледаат возрасните како дивјачки се пресметуваат и се кубат за коси, а никаде нема редарска служба да интервенира.

Тепачката наиде на осуда од граѓаните, кои ја оценија како пример на краен примитивизам и срамМногумина прашуваат како може да функционира базен без никакво обезбедување, со оглед дека тепањето трае подолго време без некој да интервенира.

Share This Article