Локалната Телевизија Стар вчера објави снимка од тепачка што се случила на Градскиот базен во Штип, кој е во состав на новоизградениот аква- парк отворен во јуни пред две години.
На снимката може да се види како мажи, жени и млади си разменуваат тупаници, клоци, а потоа со тупаници и удари со нозе силата ја мерат и три жени, односно две жени тепаат една која е легната на земја. Повозрасен маж брка и удира поситно момче.
Тепачката се случувала пред очите децата кои зачудено ги гледаат возрасните како дивјачки се пресметуваат и се кубат за коси, а никаде нема редарска служба да интервенира.
Тепачката наиде на осуда од граѓаните, кои ја оценија како пример на краен примитивизам и срам. Многумина прашуваат како може да функционира базен без никакво обезбедување, со оглед дека тепањето трае подолго време без некој да интервенира.