Лиз Трас поднесе оставка од премиерската функција на Велика Британија по 45 дена на таа функција, јавува Би-Би-Си.
Пред десетици новинари пред Даунинг стрит бр. 10 Трас рече дека ја презела функцијата во време на „голема економска и меѓународна нестабилност“.
Таа изјави дека не може да го „доврши мандатот на кој ја избраа членовите на ториевците“ и поднесува оставка.
Лиз Трас вели дека денес се сретнала со претседателот на Комитетот Греам Брејди.
Тие се договориле во текот на следната недела да се одржат лидерски избори, додавајќи дека таа ќе остане како премиер додека не се избере наследник.
Таа го наследи Борис Џонсон на премиерската функција, а во историјата ќе остане запаметена како премиер на земјата со најкраток мандат.