Британскиот министер за надворешни работи Лиз Трас ја отфрли можноста Обединетото Кралство да биде дел од европската политичка заедница предложена од францускиот претседател Емануел Макрон.
Говорејќи во комисијата за надворешна политика на Долниот дом на британскиот парламент, Трас ги демантираше извештаите од Елисејската палата, во кои се сугерира дека британскиот премиер Борис Џонсон покажал интерес за европската политичка заедница во разговор со францускиот претседател. .
Џонсон и Макрон разговараа на маргините на самитот на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот на 26 јуни во Германија.
Макрон предложи формирање на европска политичка заедница која ќе биде отворена за европските држави кои споделуваат заеднички збир на демократски вредности, без разлика дали се членки на Унијата или не, дали сакаат да ѝ се приклучат или ја напуштиле.
Според некои аналитичари, идејата на Макрон може да биде средство за идните британски влади да ги обноват поблиските односи со ЕУ.
Сепак, Трас рече дека приоритетите на Велика Британија се зајакнување на улогата на НАТО и Г7, објави EURACTIV.com.