Ливерпул сонува одмазда, Анчелоти може да испише историја во ЛШ

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Париз вечерва е во фокусот на светската фудбалска јавност поради финалето од Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид, кој е со почеток од 21 часот. Вечерашниот натпревар требаше да се игра во Санкт Петербург, но по нападот на Русија на Украина, финалето беше преместено на култниот „Сент Дени“.

„Црвените“ ќе имаат можност да му се реваншираат на Реал за поразот во финалето пред четири години во Киев, додека „кралевите“ сакаат да го потврдат статусот на фудбалски бесмртни во ЛШ.

На патот до финалето, Реал Мадрид ги исфрли суперсилните тимови на ПСЖ, Челси и на Манчестер Сити, што доволно говори за менталната сила на популарните „кралеви“, бидејќи тие често се враќаа од мртвите и продолжуваа понатаму.

Од друга страна, Ливерпул покажа супериорност против сите свои ривали и во полуфиналето без поголеми проблеми ги елиминираше Интер, Бенфика и Вилјареал. На прв поглед се гледа дека англискиот претставник имаше многу поповолна ждрепка.

Да се ​​прогнозира кој е фаворит во финалето е секогаш неблагодарно. За Реал важи познатата фраза дека не губи финалиња. Сепак, „црвените“ се здобија со шампионски и победнички менталитет, тие се одличен тим и сигурно имаат на што да се надеваат.

Ова ќе биде судир и на двајца големи стручњаци. Карло Анчелоти ја бара својата четврта титула во Лигата на шампионите како тренер, а Јирген Клоп го игра третото финале и вторпат во својата тренерска кариера сака да го подигне најтрофејниот трофеј во клупскиот фудбал.

– За мене ваквите натпревари се сосема нормални. Знаеме што претставува овој клуб и што бара историјата од нас. Многу е важно што сме тука и сме подготвени да испишеме историја по една многу добра сезона – изјави Анчелоти.

За Реал ова ќе биде можност да стане европски првак по 14. пат, додека Ливерпул ја бара седмата титула и статусот „најдобар од другите“, бидејќи „кралевите“ на прво место се недопирливи.

– Не знам како би се чувствувал доколку го освоиме трофејот. Прашајте ме после натпреварот. Реал Мадрид е неверојатен тим, тоа нивно искуство не може да се купи преку ноќ – истакна Клоп.

- Advertisement -
Ad image

Традицијата е на страната на Реал Мадрид

Кога се зборува за традицијата на овие две екипи, имаат одиграно вкупно осум меѓусебни пресметки. Од почетокот на дуелите Ливерпул отвори со три победи, меѓутоа потоа Реал врза четири славја во низа и ја сврте традицијата на своја страна, а последниот дуел лани заврши без голови и победник.

Меѓусебни пресметки на ривалите во финалето:
27.05.1981 – Ливерпул – Реал Мадрид 1-0 (финале,ЛШ)
25.02.2009 – Реал Мадрид – Ливерпул 0-1 (осминафинале, ЛШ)
10.03.2009 – Ливерпул – Реал Мадрид 4-0 (осминафинале, ЛШ)
22.10.2014 – Ливерпул – Реал Мадрид 0-3 (групна фаза, ЛШ)
04.11.2014 – Реал Мадрид – Ливерпул 1-0 (групна фаза, ЛШ)
26.05.2010 – Реал Мадрид – Ливерпул 3-1 (финале, ЛШ)
06.04.2021 – Реал Мадрид – Ливерпул 3-1 (четвртфинале, ЛШ)
14.04.2021 – Ливерпул – Реал Мадрид 0-0 (четвртфинале, ЛШ)

- Advertisement -
Ad image

Традицијата во ваквите натпревари не значи многу. Ливерпул според обложувалниците е поблизу до европскиот трон, ама Реал Мадрид е најтрофејниот тим во Лигата на шампионите и мотивацијата во таборот на Анчелоти не недостига.

Share This Article