Ливерпул го официјализираше важното засилување пред почетокот на преодниот рок
Ливерпул доби нов спортски директор, а тоа е Јорг Шмадке.
Германецот им се приклучува на „црвените“ по четири години како спортски директор на Волфсбург.
Шамдке во својата кариера со голем успех работеше во Келн, Хановер и Алеманија од Ахен.
Во текот на својата играчка кариера ги претставуваше Фортуна Дизелдорф, Фрајбург, Баер Леверкузен, а професионално со фудбал престана да се занимава во 1998 година.
Германецот ќе ги започне своите обврски во Ливерпул на 1 јуни, под услов успешно да ги заврши документите и работната дозвола.
„Црвените“ ја завршија сезоната на петтото место во Премиер лигата и следната година ќе играат во Лига Европа, а летово ќе имаат многу предизвикувачка задача бидејќи клубот ќе го напуштат неколку важни играчи.