Владата на Литванија објави дека одлучила да затвори два од шесте гранични премини со Белорусија, поради растечките тензии во односите со соседот.
Два селски премини, кои не ги користеа комерцијалните возила, од петок ќе бидат затворени.
Литванската влада објави дека премините Тверециус и Сумскас ќе бидат затворени, а сообраќајот ќе биде пренасочен кон граничниот премин Медининкаи, кој е најголемиот од шесте контролни пунктови во Литванија.
Одлуката е донесена бидејќи Литванците се повеќе се загрижени за присуството на платеници од групата Вагнер, поврзани со Русија во Белорусија.
Соседна Полска годинава ги затвори сите гранични премини со Белорусија освен еден, откако затвори новинари од полско потекло и протера полски дипломати.