Лице од неговиот кабинет ја потврди информацијата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
FILE PHOTO: Israel's Prime Minister Benjamin Netanyahu addresses the 79th United Nations General Assembly at U.N. headquarters in New York, U.S., September 27, 2024. REUTERS/Eduardo Munoz/File Photo
- Advertisement -
Ad image

Омер Достри, портпарол на кабинетот на израелскиот премиер денеска соопшти дека Бенјамин Нетанјаху ги одобрил нападите со пејџери, кои зададоа смртоносен удар врз милитантната шиитска групација Хезболах поддржана од Иран, пишува „Гардијан“.

Израелската армија, која води прекугранични борби со Хезболах од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, првично одби да одговара на прашања за експлозиите.

На 17 септември илјадници пејџери се активираа истовремено во јужните предградија на Бејрут и други бастиони на Хезболах. Во повеќето случаи, уредите експлодирале по активирање на звучен сигнал за дојдовна порака.

Претставник на либанската групација го нарече инцидентот најголемото безбедносно нарушување за Хезболах од почетокот на конфликтот со Израел.

Меѓу настраданите, кои брзо ги преполнија болниците, имаше многумина со повреди на очите, откинати прсти или големи рани во пределот на стомакот.

Во нападот со пејџери и последователните експлозии на токи-воки уреди наредниот ден, загинаа вкупно 39 лица, а повредени беа над 3.400 лица.

Израелските медиуми објавија дека Нетанјаху ја презел одговорноста за нападот на седница на кабинетот. Според нив, тој им изјавил на министрите дека високопоставени одбранбени службеници и политички фигури се спротивставиле на нападот со пејџери, но тоа не го поколебало во спроведувањето на операцијата.

По нападот со пејџери, Израел изврши воздушен удар во кој го уби лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, а подоцна започна и копнени операции во Јужен Либан.

Share This Article