ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против И.Т.(40) од Богданци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”. На 29.11.2022, пријавениот, користејќи програма преземена од интернет, навлегол во персонален компјутер на правно лице од Скопје – претставништво во Гевгелија и направил долг во висина од 1.249.000 денари.